Три нови играчи се заразени со КОВИД-19 во шпанската Ла Лига и сите се од Бетис, информираа шпанските меидуми. Имињата на играчите не се објавени. Само е јасно дека тие биле без симптоми на болеста.
Според клупските вести, ниту еден од клупските вработени се уште не е тестиран на вирусот, откако во изминатите три дена биле направени само брзи тестови, кои покажаа дека некои фудбалери веќе ја имале или поминале инфекцијата.
Денес Бетис треба да продолжи со тренинзи во пресрет на рестартирањето на првенството во Примера дивизија.