И трет фудбалер на Брајтон е позитивен на коронавирусот. Веста ја потврди BBC напоменувајќи дека името на играчот не е објавено. Тој ќе мора да оди во 14-дневен карантин, откако бил тестиран вчера, а резултатот пристигнал утрово.
Претходно и други двајца играчи на Брајтон имаа позитивни тестови на КОВИД-19. Фудбалерите на Брајтон тренираат индивидуално на теренот за обука и од клубот велат дека и покрај овие случаи тие продолжуваат со работа.
Клубовите од Премиерлигата треба да се состанат утре за повеќе отворени прашања околу планот за рестартиње на лигата.