По неколкудневни преговори, синоќа ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави дека го донесе најголемото засилување за следната сезона, Станува збор за некогашниот најдобар светски младинец, Стипе Мандалиниќ.
Хрватскиот лев бек ќе биде замена за Владислав Остроушко, кој го напушти клубот. Мандалиниќ е втор ракометар кој од Бундеслигата доаѓа во Битола и ќе ја комплетира хрватската колонија која ја сочинуваат Мараш, Кушан и тренерот Бабиќ.