Реал Мадрид му даде ултиматум на Арсенал да донесе одлука за иднината на нивната sвезда Пјер-Емерик Обамејанг до 15 јуни.
На Габонецот му преостанува нешто повеќе од една година според неговиот сегашен договор со „топчиите“ и засега нема навестувања дека повторно ќе потпише со клубот.
Кај него има голема желба за преселба во шпанскиот гигнат, бидејќи голем број великани, вклучувајќи ги и Барселона, изразија желба да го купат ова лето.
Според „Мирор“, Реал сака да знае каква ќе биде одлуката на Арсенал за овој случај до средината на следниот месец. „Кралевите“ нема да тактизираат и отворено побарале од Англичаните да се изјаснат.