Место спектаклот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, синоќа во Џексонвил, покрај другите борби, се одржа и УФЦ 249 битката во лесна категорија меѓу Џастин Гатје и Тони Фергусон.
Во текот на целиот меч, кој се одржа под посебни мерки поради коронавирусот, Гатје беше подобар, го победи Фергусон, и најави борба со Хабиб.
Несудениот ривал на Дагестанецот загуби со технички нокаут во 5 рунда. Откако беше прогласен за привремен светски првак и му беше доделен појас, УФЦ борецот од САД го отфрли појасот и посочи дека го чека оној вистинскиот, мислејќи на борбата со Хабиб Нурмагомедов.