Бундеслигата од следната сабота треба да го има продолжението на сезоната, но под специјални ригорозни мерки за заштита од новиот коронавирусот.
Фреди Бобиќ, спортски директор на Ајнтрахт Франкфурт, откри дека неодговорност на домашните навивачи и нивно доаѓаање пред стадионот за да дадат поддршка, што многупати се случувало ширум Европа кога еден клуб е казнет да игра пред празни трибини, може да се одрази негативно за домашните и тие службено да го загубат мечот.
„Многу разговаравме со нашите навивачи и само им кажавме: слушајте, немој да доаѓате пред стадион, зашто ако се појавите – ќе изгубиме службено. Правилата се многу ригорозни. За среќа, навивачите се паметни и сфатија. Нашите навивачи за овој град направија многу, ги почитуваа ѝ правилата и сега верувам дека ќе го испочитуваат и ова. Нема смисла да доаѓаат, кога се забранети јавни собири. Сите мора да ги почитуваме мерките“, вели Бобиќ.

