Мартин Касерес е еден од фудбалерите на Фиорентина кои се заразени со „Ковид-19“. Италијанскиот тим објави дека по првите тестирања, резултатите на тројца членови биле позитивни, а според медиумите во Јужна Америка еден од нив е Касерес.
Тој ќе биде во самоизолација во следните 14 дена, доколку новите тестови бидат негативни ќе може да се врати на тренинзи.
Првенството во Италија е прекинато на 9. март, до крајот останаа уште 12. кола, но кога ќе се доиграат и натаму не е познато.