Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека со одлуката за олабавување на мерките, од понеделник ќе се дозволи и изведување на индивидуални тренинзи во индивидуалните спортови, додека пак во колективните тоа ќе се случи следната недела.
Со ова дефинитивно се става крај на сите шекулации околу враќањето на спортските случувања кај нас.
Неизвесно останува каква ќе биде одлуката на Фудбалската федерација околу продолжението на првенствата. Тие ја чекаа уредбата на Владата, па да се подготват за рестарт на сезоната. Останува отворено и прашањето дали ќе се доигра комплетниот шампионат или ќе има некое скратување.