Михајло Михајловски денеска за повеќе медиуми и официјално потврди дека од почетокот на следниот месец се враќа во македонскиот и европски првак, РК Вардар. По заминувањето на Сергеј Самсоненко, Михајловски го враќа клубот под свои закрила.
„Да, точно е дека го земам Вардар, официјално од 1. јуни, останува да се завршат оние административните обврски. Клубот сакам да го земам од нула, онака како што го оставив. Сергеј Самсоненко потпиша договор со играчите, до крајот на годината ќе ги исплати сите долгувања кон нив. Секоја чест за Самсоненко за она што го стори за Вардар, кој благодарение на него изминативе години беше шампион во Лигата на шампионите“, вели Михајловски.