Суперesвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе веројатно ќе ги разочара фановите на Реал (М) кои го очекуваа ова лето на „Бернабеу“. Според францускиот весник „Л’Екип“, светскиот шампион од Франција има намера да го продолжи договорот со „светците“.
Напаѓачот изјавил дека се чувствува среќен во клубот и не му пречи да ја продолжи соработката со тимот и да продолжи во битката за освојување на Лигата на шампионите.
Познато е дека Реал Мадрид и Ливерпул се големи фаворити за неговиот потпис, но работите ќе станат многу тешки за нив, со оглед на новонастанатата ситуација. За да ја задржат својата голема sвезда, од ПСЖ се подготвени да ја подигнат платата на Мбапе на 600.000 евра месечно,с о што ќе го израмната со примањата на втората ѕвезда во тимот – Нејмар.

