Фудбалерот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз, може да замине во Барселона, но само доколку каталонскиот гигант изброи 60 милиони евра. Ова е цената која наполитанците им ја соопштиле на првите луѓе на Барса во обидот да го донесат на „Камп Ноу“.
Италијанците напоменале дека под оваа цена нема воопшто да разговараат за слободата на Руиз. Интересно е што некои анализи окажуваат дека оваа цена треба да се смета за поволна, затоа што само пред неколку недели се зборуваше дека Де лаурентис нема да го пушти Руиз да замине за сума под 80 милиони евра.