Италијанскиот прволигаш Торино откри дека еден играч од клубот имал позитивен тест на КОВИД-19 и веднаш е сместен во карантин. Италијанскиот шампионат треба да добие дозвола да започне со натпревари оваа недела, при што првите натпревари се очекува да се одиграат на почетокот на јуни.
Пред да им се дозволи на играчите да тренираат, сите играчи се подложени на тестови , а тестови ќе мора да направат и членовите на персоналот. Информациите за позитивниот тест на фудбалерот на Торино се добиени токму по ваквите тестови. Засега клубот сè уште не го објави името на играчот и јасно е дека тој немал очигледни симптоми.

