Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, предупреди дека е невозможно да се одреди датум кога точно ќе се одигра првиот меч во Серија А.
„Сите се надеваме дека првенствата можат да се обноват, но во исто време сега е невозможно да се објави одреден датум. Мора да почекаме на податоци за развојот на коронавирусот во наредните две недели, откако пред само два дена земјата започна постепено олабавување на мерките. Само тогаш владата ќе може да одлучи “, рече тој пред италијанскиот парламент.
Локалниот фудбал е суспендиран од 10 март поради глобалната криза, во која животот го загубија повеќе од 29.000 луѓе во Италија. На играчите им е дозволено да се вратат на индивидуален тренинг програм во тимските спортски бази оваа недела, но мора да почекаат најрано до 18 мај за да добијат дозвола за групни активности.

