Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, рече дека луѓето кои сакаат сезоната да заврши предвреме „не знаат за што зборуваат“. Лотито е поддржувач на идејата сезоната во Серија А да продолжи и покрај пандемијата на коронавирусот.
„Ние не зборуваме за моја борба, ние зборуваме за свесност за ризиците што постојат доколку сезоната не започне“, вели првиот човек на римскиот клуб.
„Оние кои се против очигледно не знаат за што зборуваат. Фудбалот е индустрија која генерира повеќе од 1,2 милијарди долари, па затоа мора да ги земеме предвид последиците ако не успееме да ја продолжиме сезоната. Се надевам дека мојот тим ќе продолжи од таму каде што застана, со иста решеност и желба да постигне одредени цели“, додаде тој.
