Каталонскиот весник “Спорт“ најави дека Барселона нема намера да ја продолжи сезоната, односно да игра натпревари во време на коронавирусот. Ова е контра одлуката на УЕФА првенствата сепак да завршат во текот на летото.
Ова е голем удар за сите кои сакаат да се врати фудбалот ова лето.
“Здравјето е пред се, ние нема да ризикуваме со здравјето на нашите играчи само поради фудбалски натпревари“, наводно изјавиле од раководството на клубот.