Аргентина ја прекина фудбалската сезона. Аргентинските фудбалски власти подолго време ја разгледуваат оваа опција, бидејќи поради проблемите предизвикани од пандемијата не би било можно да се одржи завршницата на сезоната. Претседателот на АФА, Клаудио Тапија, вчера потврди дека сезоната најверојатно се откажува.
„Ги завршуваме сите турнири“, им рекол Тапија на аргентинските медиуми. „Идејата е да продолжиме да играме фудбал кога надлежните ќе го дозволат тоа“.
Тапија исто така рекол дека нема испаѓање од фудбалските лиги во Аргентина оваа сезона, но нема да има испаѓање ниту следната сезона. Претседателот на АФА истакна дека ќе има промоции во повисок ранг, но не прецизираше за кои лиги станува збор.