Клубовите од Првата и Втората лига на Шведска, се одлучија на 14 јуни да ја продолжат фудбалската сезона. Но, за разлика од многуте земји, тие одлучија тоа да биде со присуство на публика, што е незамисливо за Шпанија или Италија.
Шведска, сепак, има поинаков пристап во битката со коронавирусот. Тие не се одлучија на класичен карантин како во многу земји, туку со поблаги мерки да се спротивстават на овој вирус.
Амбицијата е да се игра фудбалот со публика, а Шведска ја следи ситуацијата со коронавирусот, порачаа од Здружението на шведските тимови.