Играчот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грилиш, и натаму е најпосакуваниот фудбалер за Манчестер Јунајтед. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер инсистира да го добие Англичанецот ова лето и покрај тоа што неговото однесување надвор од терените предизвика доста полемики во јавноста. Норвежанецот барал од извршниот директор Ед Вудворд да го донесе Грилиш во Манчестер и минатото лето, а потоа и во јануари, но не беше постигнат договор. Според ЕСПН, Астон Вила сега е согласна да ја продаде својата sвезда, без разлика дали ќе успее да се спаси од испаѓање, а тоа е голема шанса за Јунајтед.
Author: saso
Најпопуларната велосипедска трка во светот „Тур Д’ Франс“ вчера беше првично одложена, но веднаш беше пронајден нов термин за нејзиното годинешно издание. Организаторите вложија напори да најдат решение, иако многумина сметаа дека овој настан треба да биде одложен, исто како и сите други големи спортски настани. Првично планираната трка за периодот од 27 јуни до 19 јули, во договор со Меѓународната велосипедска федерација сега е поместена во нов термин – 29 август до 20 септември. Легендарната трка во Франција ќе се вози без присуство на публика.
Од 1 мај, Австрија има намера да дозволи одржување на спортски натправри во спортови како што се тенисот и голфот, кои се компатибилни со мерките за социјална дистанца поради пандемијата од коронавирусот. Во Австрија карантинот трае веќе еден месец, па владата одлучи да ублажи некои мерки против ширењето на вирусот, вклучително и во спортот. „Секако, индивидуалните спортови на отворено каде нема контакт имаат предност пред тимските спортови“, рече вицеканцеларот и министер за спорт, Вернер Коглер. Од 1 мај граѓаните ќе можат да тренираат голф, тенис, атлетика, коњички спортови, стрелаштво и стреличарство.
Белгискиот репрезентативец Аксел Витсел, донирал 100.000 евра за Централната универзитетска болница во Лиеж како помош во борбата против коронавирусот. „Јас разбирам колку е важна висококвалитетната опрема. Имаме многу пријатели кои се борат против КОВИД-19. Тие ни кажуваат колку опрема недостасува и дека онаа која ја има е со слаб квалитет. Тие едноставно се збунети од овој прилив на пациенти. Затоа, решив да го сторам тоа. Фудбалот е малку безвреден во оваа критична ситуација. Сакам да им помогнам на лекарите на кои навистина им треба помошта денес“, се вели во изјавата на Витсел.
Челниците на Барселона беа близу до постигнување договор со претставниците на фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, но поради пандемијата на коронавирусот, трансферот е суспендирано. Поради финансиската криза предизвикана од прекинот на натпреварите во Европа, администрацијата на Барселона се откажала од овој трансфер. Барем привремено. Наводно, Интер не се согласува да го продаде Аргентинецот за сума помала од 111 милиони евра.
Кандидатот за претседател на Барселона, Виктор Фонт, во интервју за Мундо Депортиво најави банкротот на клубот во блиска иднина. „Барселона е на чекор до деновите што ги предвидовме. Во моментот, клубот минува низ многу непостојана финансиска политика, се појавија скандали за раководството и играчите, како и меѓу самите директори. Можам да кажам дека поради пандемијата од коронавирусот, клубот може доживее и банкрот“, рече Фонт. Во 2021 година, Барселона ќе избере претседател, а Фонт ќе биде најсериозниот конкурент за преземање на претседателското место на кое сега е Хозеп Марија Бартомеу.
По само една сезона помината во Интер, дефанзивецот Диего Годин ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона. Со голема веројатност, 34-годишниот Уругваец ќе ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига, пренесуваат италијанските медиуми. Во овој момент фаворити во битката за Годин се Манчестер Јунајтед и лондонски Тотенхем. Вредноста на трансферот се проценува на 8 милиони евра. Неговиот договор со Интер е со важност до 30 јуни 2022 година.
Младиот фудбалер, Едвин Еспиноза (20), беше убиен пред неговиот дом во Гвајакил, Еквадор. Играчот од средниот ред на локалниот фудбалски клуб Гвајакил Сити бил застрелан на прагот на неговиот дом со повеќе куршуми, а се чини дека убијците го убиле по грешка, мислејќи дека се работи за друга личност. „Еспиноза беше одлична личност, почитувана и призната. Го познавам уште од дете кога пристигна во нашиот клуб“, изјави спортскиот директор на клубот, Карлос Франко. „Слушнавме дека напаѓачите погрешиле“, додаде Франко.
Фудбалерите на Арсенал не ја прифатија антикризната програма на клубот, поради пандемијата на коронавирус, пренесува „Мирор“. Според извор, управата на лондонскиот клуб предложила намалување на платите на фудбалерите за 12,5% за една година, доколку тимот не успее да се најде во европските купови на крајот на сезоната. Во случај на влез во Лигата на Европа, намалувањето на платите ќе биде 7,5%. Ако Арсенал влезе во Лигата на шампиони, тогаш на играчите ќе им биде вратена целокупната сума. Предлогот му бил предаден на Хектор Белерин, кој е репрезентативен претставник во Здружението на професионални фудбалери. Сепак, фудбалерите одговорија негативно на истиот.
Поранешната олимписка, светска и европска шампионка во пливање, Федерика Пелегрини, одлучи да ги стави на аукција сите награди и медали кои ги има освоено во својата долгогдишна кариера. Познатата Италијанка ќе се обиде од аукцијата да собере што повеќе пари за да им помогне на лекарите на северот на Италија. На аукцијата ќе има најмногу медали, но и костими за пливање, капчиња, чаши и други предмети. Речиси една деценија, Федерика Пелегрини беше најдобра пливачка на планетата во слободен стил на 200 и 400 метри. На Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, таа освои злато во оваа дисциплина, а четири години…
