Белгискиот репрезентативец Аксел Витсел, донирал 100.000 евра за Централната универзитетска болница во Лиеж како помош во борбата против коронавирусот.
„Јас разбирам колку е важна висококвалитетната опрема. Имаме многу пријатели кои се борат против КОВИД-19. Тие ни кажуваат колку опрема недостасува и дека онаа која ја има е со слаб квалитет. Тие едноставно се збунети од овој прилив на пациенти. Затоа, решив да го сторам тоа. Фудбалот е малку безвреден во оваа критична ситуација. Сакам да им помогнам на лекарите на кои навистина им треба помошта денес“, се вели во изјавата на Витсел.