Младиот фудбалер, Едвин Еспиноза (20), беше убиен пред неговиот дом во Гвајакил, Еквадор.
Играчот од средниот ред на локалниот фудбалски клуб Гвајакил Сити бил застрелан на прагот на неговиот дом со повеќе куршуми, а се чини дека убијците го убиле по грешка, мислејќи дека се работи за друга личност.
„Еспиноза беше одлична личност, почитувана и призната. Го познавам уште од дете кога пристигна во нашиот клуб“, изјави спортскиот директор на клубот, Карлос Франко.
„Слушнавме дека напаѓачите погрешиле“, додаде Франко.