По само една сезона помината во Интер, дефанзивецот Диего Годин ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона. Со голема веројатност, 34-годишниот Уругваец ќе ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига, пренесуваат италијанските медиуми.
Во овој момент фаворити во битката за Годин се Манчестер Јунајтед и лондонски Тотенхем. Вредноста на трансферот се проценува на 8 милиони евра. Неговиот договор со Интер е со важност до 30 јуни 2022 година.