Кандидатот за претседател на Барселона, Виктор Фонт, во интервју за Мундо Депортиво најави банкротот на клубот во блиска иднина.
„Барселона е на чекор до деновите што ги предвидовме. Во моментот, клубот минува низ многу непостојана финансиска политика, се појавија скандали за раководството и играчите, како и меѓу самите директори. Можам да кажам дека поради пандемијата од коронавирусот, клубот може доживее и банкрот“, рече Фонт.
Во 2021 година, Барселона ќе избере претседател, а Фонт ќе биде најсериозниот конкурент за преземање на претседателското место на кое сега е Хозеп Марија Бартомеу.

