Екипата на Челси ова лето ќе потпише договор за трансфер на Филипе Кутињо. 27-годишниот фудбалер кој игра за Баерн Минхен оваа сезона како позајмен од Барселона е на дигурен пат да стане ново засилување за тимот на Френк Лампард.
Баерн нема да ја искористи можноста за откуп на неговиот договор, што практично значи дека Барселона мора да бара нова средина за него. Кутињо подготвен да се врати во Премиер лигата, а Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челзи се тимовите кои најмногу се заинтересираа за него.
Според каталонското издание на весникот „Спорт“, „сините“ се најреална опција за Бразилецот, откако стигнеле „многу блиску“ до завршувањето на неговиот трансфер. Весникот додава дека Барселона е подготвена да го продаде Кутињо за 90 милиони евра.
