Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер изјави дека закрепнување од повредата на коленото оди според планот.
„Сè на сè, изгледа добро. Првите шест недели поминаа добро, но потоа процесот се забави. Сепак, сега сè е повторно во совршен ред. Главната работа е дека ништо не ме притиска, нема брзање. Во сегашните услови има доволно време. Главната работа е дека сè е во ред, и кога ќе се вратам на теренот, ова што го поминав нема да биде особено важно. Сега сум задоволен од сè. Процесот е полесен по втората операција, но не би сакал да имам и трета интервенција“, изјавил Роџер за време на заедничката емисија на Инстаграм со Шпанецот Рафаел Надал.
