Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, очигледно се откажа од идејата за купување на Хари Кејн ова лето.
Пред неколку недели, Кејн ги разбуди духовите, велејќи дека размислува да го напушти составот на Тотенхем, доколку клубот не покаже амбиција да ги освои најголемите трофеи. Ова веднаш го привлече вниманието на Реал и Манчестер Јунајтед.
Сепак, шпанските медиуми тврдат дека раководството на „кралевите“ е загрижено за можните финансиски последици од пандемијата, што значително би го намалило буџетот на тимот.
Токму оваа загриженост го натераа Зидан да се повлече од борбата за англискиот стрелец, кој има договор со Тотенхем до 2024 година.