Бројот на жртвите од коронавирусот во Италија полека опаѓа и во вторник ќе се одржи состанок на кој ќе се разговара за можноста за продолжување на сезоната во Серија А. Повеќето клубови, 17 од нив, се подготвени да продолжат да играат, додека Торино, Бреша и „уште еден“ клуб кој не е именуван, биле против продолжување на сезоната.
Некои предвидувања се дека Серија А ќе продолжи кон крајот на мај, а во најлош случај на почетокот на јуни. Милан беше неутрален по ова прашање, но сега првиот човек на „росонерите“ потврди дека клубот е решен да ја одигра сезоната до крај.
„Продолжувањето на сезоната зависи од развојот на пандемијата, а со тоа и од ставот на надлежните. Милан е фудбалски клуб чиј главен интерес е да игра фудбал. Затоа, ако има безбедносни услови, ние сме за продолжување на сезоната”, рече претседателот на „росонерите“, Паоло Скарони.

