Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски, вчера постигнал договор за прекинување на соработката со израелски Хапоел Тел Авив. Како што објавија од клубот, постигната е взаемна согласност за завршување на соработката.
Спировски пристигна во Тел Авив во септември минатата година и по неговото доаѓање Хапоел од клуб кој беше при дното на табелата се најде во плеј-офот. Тој имаше договор со Израелците на 3 години.