Извршните директори на Арсенал се согласија да ја намалат својата плата за да му помогнат на клубот во време на криза.
Пред неколку дена, клупските газди на „топчиите“ излегоа со понуда да ги намалат платите на играчите за период од 1 година, во која беше вклучена и исплатата на сите суми при пласман на тимот во групите во Лигата на шампионите. Сепак, предлогот тогаш беше одбиен од играчите.
Менаџерот Микел Артета продолжува да преговара со своите играчи да прифатат некакво намалување на платите. Иако некои играчи се согласуваат да ја намалат својата плата, одлуката мора да биде колективна, а засега мнозинството е против.

