Најмалку 300 луѓе ќе мора да бидат на секој натпревар од Премиерлигата, дури и ако сезоната продолжи без гледачи. Ова го изјваи потпретседателот на Вест Хем, Карен Брејди.
Таа во својата колумна „во весникот „САН“ објасни дека секој од нив ќе мора да помине низа тестови пред самите средби.
„Полицијата мора да присуствува на натпреварите, без оглед дали ќе се одржат без навивачи. Некои од нив ќе патуваат до стадионите и во случај на средби зад затворените трибини. Но, бидете сигурни дека агенциите за спроведување на законот не сакаат да посветат ресурси на фудбалски натпревари, ако овие ресурси се потребни на друго место. За натпревар зад затворени врати ќе бидат потребни меѓу 300 и 500 вработени, вклучувајќи ги и оние за безбедноста, персоналот, лекарите, фудбалерите, судиите и медиумите. Сите тие мора да поминат тестови и комплетни здравствени прашалници. Добро, можеме да го сториме тоа, но ако некој фудбалер се повреди, каде ќе го испратиме?“, прашува таа.