Шест члена на Управниот одбор на Барселона ги напуштија своите функции.
Функционерите си поднеле оставка поради неможноста да управуваат со клубот за време на пандемијата на коронавирус и по него, како и заради случајот со критиките за Лионел Меси на социјалните мрежи.
„Со ова, сакаме да ве информираме дека долупотпишаните раководители му ја предадоа на Претседателот на Барселона нашата одлука за безусловна оставка на работни места во клубот. Стигнавме до оваа точка, неможејќи да го контролираме управувањето со клубот во пресрет на важните предизвици”, се наведува во изјавата на сега веќе поранешните членови на УО на Барселона.