Унаи Емери е еден од главните кандидати за преземање на кормилото на италијански Милан. Се поверојатно е дека „росонерите“ на крајот на сезоната ќе се ослободат од актуелниот тренер Стефано Пиоли, а одамна се зборува дека прв кандидат за негов наследник е Германецот Ралф Рангник.
Доколку Милан не успее да се договори со Рангник, тогаш тргнува по потписот на екс-менаџерот на Арсенал, Емери.
Скај Италија тврди дека Емери ќе биде веројатниот избор на директорите на Милан, со оглед на тоа што и самиот најави дека има понуда од Италија. Трета опција за Милан останува Лучијано Спалети, кој последен пат беше тренер на Интер.