Екипите во Серија А можат да продолжат со тренинзи кон крајот на април или почетокот на мај, тврди Скај Италија. Бројот на смртни случаи и заразени од коронавирус во земјата се намалува со секој изминат ден, а се зголемува и бројот на пациенти кои излегуваат од болниците. Сепак, премиерот Џузепе Конти предупреди дека е рано да се стави крај на карантинот.
Владата се очекува да го продолжи карантинскиот период до 3 мај.
Сепак, Скај Италија тврди дека мерките за одредени културни сфери како што се библиотеките и книжарниците веројатно ќе бидат олеснети, а истото ќе важи и за спортистите.
Според информациите, на клубовите најверојатно ќе им биде дозволено да продолжат со тренинзите кон крајот на април или почетокот на мај, а пред тоа играчите ќе бидат тестирани одделно.