Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт ќе добие пониска плата за 30 проценти. Ова е одлука на ФА, која во договор со Саутгејт, кој ги предводи „Трите лава“ од 2016 година, реши да заштеди на средства во период во кој нема спортски активности. Саутгејт има годишен договор вреден три милиони фунти, додека неговиот колега на клупата на дамите, Фил Невил заработува 300 000 фунти годишно. Намалувањето нема да го заобиколи и Невил, чија плата исто така ќе се намали за 30%. „Овие се предизвикувачки времиња и не беше лесно да се донесат овие одлуки“, рече главниот извршен директор на…
Author: saso
Во 71. година од животот синоќа почина некогашниот прославен тренер на „Атлетико, Барселона, Реал (М) но и поранешен српски селектор, Радомир Антиќ. Антиќ е една од митските фигури на клупата на Атлетико, каде помина 189 официјални натпревари во текот на пет сезони. Освен на клупата на мадридскиот великан, српскиот стратег работеше како менаџер на Барселона во 2003 година, а беше на клупите и на Овиедо, Селта, Реал Мадрид и Сарагоса. На клупата на репрезентацијата на Србија помина 2 години.
Борусија Дортмунд се бори против коронавирусот во овие денови, и тоа го покажаа и играчите, и навивачите… Претходно играчите се откажаа од голем дел од своите плати за вработените да не останат без работа, навивачите собираа пари за да помогнат за болниците, а клубот сега го отстапи својот стадион како привремена болница во битката против корона вирусот. Стадионот е претворен во болница за заразени од вирусот. „Сигнал Идуна Парк“ е најголем стадион во Германија, и клубот без размислување го отстапува на државата за да се спречи раширување на оваа пандемија.
Првите луѓе на МОТО ГП шампионатот изјавија дека одлучиле да обезбедат финансиска помош за тимовите, земајќи ги предвид одложено време до почетокот на сезоната. „Тековната појава на коронавирусот влијае на луѓето, индустријата и спортот ширум светот, вклучително и првенството во Мото ГП. Во согласност на ФИМ, Дорна Спорт е горда што може да обезбеди помош за независните екипи од Мото ГП во овој тежок момент за нашиот спорт, како и за екипите во класите Мото2 и Мото3. Независните тимови ќе примаат плати за април, мај и јуни, без разлика дали тие продолжуваат со работата“, се вели во соопштението од Мото…
Претседателот на италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, изјави дека Јувентус нема да ја добие титулата во Серија А, доколку сезоната не заврши. „Бјанконерите“ се со бод предност пред Лацио, но до крајот на првенството има дури 12 кола. Засега првенството е стопирано барем до крајот на април, а голем број клубови, меѓу кои и Торино и Фиорентина, ја поддржуваат идејата првенството комплетно да биде прекинато. „Наш голем приоритет е да ја завршиме сезоната. Сакаме да започнеме до крајот на мај и да го завршиме шампионатот до крајот на јули“, вели тој.
Раководителите на НБА најавија дека платите на кошаркарите може да се намалат и до 50 проценти поради паузата во сезоната поради светската пандемија. Намалувањето се очекува да стапи на сила од 15 април. Синдикатот на играчите, од своја страна, прифаќа намалување на платите до 25 проценти, почнувајќи од мај. И двете страни разговараат за опцијата во случај преостанатите натпревари во регуларната сезона во НБА да бидат откажани.
13 клубови од Првата и втората Бундеслига на Германија се во опасност од банкрот доколку првенствата не се вратат на сцена најдоцна следниот месец, пренесува Кикер. Според истражувањето, седум клуба во Втората Бундеслига би можеле да банкротираат во мај, а уште два во јуни. Во елитата опасност има за 4 екипи. Еден е навистина загрозен, додека другите три можат да се извлечат до јуни.
Младиот талент на Милан, Даниел Малдини откри дека тој веќе се чувствува подобро откако му беше дијагностициран КОВИД-19. „Веќе се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Дури и започнав индивидуален тренинг“, откри синот на легендата Паоло Малдини. Наследникот на легендарниот дефанзивец веќе го направи своето деби за Милан на мечот со Верона.
Арсенал врши директен притисок за да се заврши сезоната во Премиер лигата. Сите фудбалски првенства во Европа, со исклучок на ова во Белорусија, во моментов се суспендирани поради пандемијата на коронавирусот. „Целосно ја поддржуваме идејата на Фудбалската асоцијација првенството да се доигра со цел да се зачува интегритетот на турнирот. Исто така, се согласуваме дека натпреварите мора да продолжат со одобрение од надлежните органи и медицинските професионалци. Ние, заедно со другите тимови, ја следиме ситуацијата и подготвени сме да работиме заедно“, велат од „Емирати“.
Фудбалската асоцијација на Англија веќе ја почувствува новата финансиска реалност по кризата со коронавирусот. ИМГ, кој има договор вреден 820 милиони фунти за дистрибуција на тв-правата од ФА Купот го стави договорот во мирување. Траншата е поврзана со четвртфиналето на турнирот, што требаше да се одржи минатиот месец. Под голем знак прашалник се и договорите од тв-правата од Премиер лигата. Скај Спорт и ББС Спорт имаат договор за правата од Премиер Лигата кој најавија дека нема да го поништуваат, но ќе бараат повеќе средби за следната сезона, бидејќи сакаат да ги вратат клиентите кои ги прекинале претплатите во овој период.
