Младиот талент на Милан, Даниел Малдини откри дека тој веќе се чувствува подобро откако му беше дијагностициран КОВИД-19.
„Веќе се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Дури и започнав индивидуален тренинг“, откри синот на легендата Паоло Малдини.
Наследникот на легендарниот дефанзивец веќе го направи своето деби за Милан на мечот со Верона.