Првиот човек на Мото ГП, Кармело Еспелета изјави дека сезоната 2020 можеби и нема да се случи поради пандемијата на коронавирусот.
„Ако денес зборуваме за само три сигурни трки од оваа сезона, тоа не не прави првенство. Но, веројатно е подобро и да имате мал број трки отколку да седите дома. Но, ако не успееме да ги реализираме фазите, внимавајќи на здравјето, доколку безбедноста не е загарантирана, нема да ризикуваме. Владите и здравствените власти нема да дозволат да се одржат трките. Ако немаме среќа, сите трки ќе бидат откажани“, изјавил Еспелета.