Ливерпул се повлекува од борбата за потписот на Џејдон Санчо, освен ако не дојде до трансфер на една од трите ѕвезди во нападот, Роберто Фирмино, Садио Мане или Мохамед Салах.
Санчо ќе биде еден од најбараните фудбалери ова лето, а за него битка ќе бијат Манчестер Јунајтед, Челзи, Барселона и Реал Мадрид.
Според „Мирор“, ситуацијата би се сменила само доколку една од големите sвезди на Ливерпул го напушти „Енфилд“ ова лето. Засега ниту еден клуб нема да се согласи да и плати на Борусија 100 милиони фунти за младиот Англичанец, што значи дека може да се очекуваат долги преговори.