За следната недела е најавен вонреден состанок на „Сеанглискиот клуб“, каде треба да се донесе конечна одлука за судбината на годинешното издание на Грен слем турнирот во Вимблдон. Најновата изјава на организаторите јасно стави до знаење дека не е исклучена опцијата да се одржи турнирот, но без присуство на публика, опција за која многу спортови веќе најавија дека би ја користеле за завршување на сезоните. Организаторите најавија дека работат со АТП, ВТА, ИТФ и другите Грен Слем турнири за да дојдат до оптимално решение. Подготовките за Вимблдон треба да започнат на крајот на април, до кога се откажани повеќето масовни…
Author: saso
Натпреварите од ФА Купот и Лига Купот на Англија за следната сезона би можеле да бидат укинати, доколку годинешната сезона се оддолжи се до летото. Информацијата доаѓа од Фудбалската асоцијација на Англија, која размислува по секоја цена да ја заврши оваа сезона, но следната да ја скрати, со тоа што нема да се играат две од трите натпреварувања. Шампионатот во моментов е суспендиран најмалку до 30 април поради пандемија на коронавирус. Поради присилна пауза, календарот во Премиерлигата можеби ќе треба да биде дополнително продолжен, па сезоната да се оддолжи дури до јули.
Претседателот на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина, рече дека италијанското првенство може да се доигра и по 30 јуни. Натпреварите во моментов се суспендирани поради пандемијата на коронавирус. „Не губам надеж за продолжување на сезоната. Ќе направам се за да се случи ова. Прекинот ќе биде многу тежок за сите. Јас разбирам дека е рано да се размислува за датум, но мора да бидеме позитивни. Ќе дадеме се од себе, дури и да играме преку поддршка на УЕФА и ФИФА по 30 јуни, и да ги искористиме јули и август. Ако сезоната се откаже, тоа ќе биде мој пораз. Ова…
Британскиот боксер Ентони Џошуа е во изолација откако неодамна се сретнал со Принцот Чарлс, кој е заразен со коронавирус. Вчера, Принцот Чарлс објави дека е позитивен за „Ковид-19“ и има поблаги симптоми на болеста. По состанокот него на 9 март, Џошуа одлучи да се изолира. Претставник на британскиот боксер рече дека тој е во неговиот дом и засега не покажал знаци на коронавирус. Џошуа треба да боксува со бугарскиот боксер Кубрат Пулев на 20 јуни.
Поранешниот возач во Формула 1, Марк Зурер, смета дека Формула 1 оваа година нема да има повеќе од 15 трки. „Планирано беше да се одржат 22 трки, но ние ќе сме среќни ако видиме и 11. Сезоната може да биде прогласена за првенство само ако според прописите се одржат најмалку 8 трки. Досега официјално е откажана само трката во Монако, а останатите се одложени. Но, сите треба да бидат свесни дека времето минува. Прашање е кои трки ќе се одржат оваа сезона. Не можам да сфатам како Формула 1 планира да одржи меѓу 15 и 18 трки сезонава“, вели Зурер.
Обвинителството на покраината Ломбардија го прогласи за невин 29-годишниот поранешен италијански репрезентативец, Марио Балотели, по обвинението за силување на малолетна девојка. Балотели се запозналал со една девојка кога имала само 17 години. Во исто време, таа го уверила фудбалерот дека е возрасна. Кога се случила сексуална врска, таа му ја открила на Марио вистинската возраст и барала 100.000 евра за да не го пријави во полица. Девојчето му се заканило на италијанскиот напаѓач не само со тоа што ќе им каже на новинарите за настант, туку и обвинувајќи го за сексуално насилство. За време на истрагата, полицијата успеа да ги…
Не сите фудбалери на Барселона се согласуваат со предлогот на раководството да ги намалат своите плати заради кризата со коронавирусот. Клубот е во тешка состојба и се обидува да ги намали своите трошоци со тоа што прво тргна со мерка за намалување на платите на играчите за 70% додека трае паузата. На фудбалерите на Барса не им се допаднал првиот предлог за намалување на платите, по што дојдоа и првите реакции. Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе се сретне со Ла Лига за да изработи заедничка позиција. Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека доколку сезоната не се продолжи до 30 јуни, играчите…
Еден Азар самокритичен вели дека неговата прва сезона во дресот на Реал (М) не ги исполни очекувањата. Белгиецот кој беше доведен како супер-ѕвезда на тимот, не успеа да ги покаже своите вистински квалитети. „Мојата деби сезона во Реал беше генерално лоша, но имав неколку добри периоди. Ми требаше извесно време да се адаптирам. Од мене се зависи и за следната сезона. Мислам дека дури тогаш ќе можам да бидам реално оценет“, изјавил Азар во интервју дадено деновиве. “Се надевав дека ќе се опоравам за Европското првенство. Разочаран сум што првенството е одложено, но од друга страна сега ќе можам да…
Светската карате федерација (ВКФ) синоќа информираше дека квалификацискиот карате турнир за пласман на ЛОИ во Токио е одложен. Настанот требаше да се одржи во Париз (Франција) оваа година, но истиот ќе биде суспендиран поради одложувањето на Олимписките игри Токио 2020 за следната година. Светската карате федерација дополнително ќе одлучи за подоцнежниот датум за одржување на настанот. Првиот олимписки квалификациски турнир за овој спорт ма ЛОИ во Токио првично беше закажан за мај 2020 година, но истиот беше презакажан за јуни 2020 година, заради појавата на коронавирусот.
Главниот извршен директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд, изјави дека не се согласува со понуштување на сезоната во Премиерлигата. Сите натпревари на Островот беа откажани барем најмалку до 30 април, откако пандемијата со коронавирус го парализираше скоро целиот европски фудбалски свет. Сите 20 клуба од Премиер лигата минатата недела испратија претставници за да разговараат за можните чекори за надминување на кризата. Позицијата на Вудворд е доста фер, откако тој на ниту еден начин не побара откажување на сезоната. Во моментов нема точен рок за завршување на сезоната.
