Фудбалерите на Јувентус се согласија да ги намалат платите за март, април, мај и јуни. Истото важи и за сите тренери во клубот. Веста беше објавена на официјалната веб-страница на клубот од Торино. На овој начин, Јувентус ќе заштеди скоро 90 милиони евра.
Ако првенството во Италија се доигра, тие може повторно да добијат поголеми награди.
„Економските и финансиските аспекти на овој договор ќе резултираат со 90 милиони евра средства во касата на клубот за финансиската 2019/20 година. Јувентус сака да им се заблагодари на играчите и тренерите за нивната посветеност во ова тешко време за сите“, напишаа на официјалната веб-страница од клубот.