Author: saso

Со одложувањето на Европското првенство, УЕФА одлучи предност да им даде на клупските натпреварувања. Според новиот план, Лигата на шампионите и Лигата на Европа треба да завршат ова лето. Куп-натпреварувањата ќе продолжат кога ќе ситуацијата со коронавирус ќе биде подобрена, поточно кога ќе биде прогласена состојба на подготвеност за враќање на фудбалските натпревари. Според најновите информации сезоната треба да продолжи кон крајот на април за кога УЕФА ќе подготви нов календар за Лигата на шампиони и Лига Европа. Финалето во Лигата на шампиони чиј домаќин е Истанбул ќе се одигра на 27. јуни, а планирано е до јуни да завршат…

Read More

Европското првенство кое беше закажано за оваа година и дефинитивно се одложува за следната година, а на штотуку завршениот состанок во УЕФА начелно е донесена одлука бараж мечевите од Лигата на нации кои му претходат на овој настан да се одиграат во текот на месец јуни. Услов плус е секако стивнување на пандемијата од коронавирусот.

Read More

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, повикал итен состанок со преставниците на националните комитети, пренесуваат медиумите. На состанокот планиран за денеска, треба да се разговара за моменталната ситуација настаната поради пандемијта на коронавирусот и одржувањето на ЛОИ во Токио. Според добро информирани извори во ИОК, раководството на Интернационалниот комитет не сака да прифати одржување на ЛОИ без присуство на публика. Таа одлука не доаѓа в предвид, затоа што се коси со духот на олимпизмот. Останува да се види кои ќе бидат конкретните чекори, иако многумина прогнозираат одложување и на најголемиот спортски форум оваа година.

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани е целосно опоравен од коронавирусот. Дефанзивецот беше првиот играч на Серија А на кој му беше дијагностицирана инфекцијата која го парализира животот во Италија. „Се чувствувам прилично добро. Немам никакви симптоми. Ова веќе го знаете од вестите. Јас бев првиот во нашите кругови со болеста. Се надевам дека луѓето веќе ја сфатија опасноста. Сите заедно ќе се справиме со ситуацијата”, рече Ругани за клупската телевизија. „Во последните денови, го изгледав целиот Нетфликс. Ми недостасуваат најблиските. Ние сме во хотелот на Јувентус. Карантинот е доста досаден, но тој е за сите”, изјави дефанзивецот.

Read More

Таткото на ММА борецот Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, потврди дека ќе има промена на местото на оджување на закажаната борба на неговиот син со Американецот Тони Фергусон. Дуелот помеѓу Нурмагомедов и Фергусон е закажан за 18 април. Претходно, претседателот на УФЦ, увери дека борбата ќе се одржи според планот, но не во Соединетите Американски држави, бидејќи одржувањето во Бруклин, како и преместувањето во Лас Вегас, е невозможно заради ограничувањата на јавните настани поврзани со заканата од ширење коронавирусот. Битката може да се премести или во Дубаи или во Абу Даби. „Најверојатно тоа ќе биде Дубаи. Прво, полесно е да се борите…

Read More

Еден од голманите на Наполи , Алекс Мерет или на Торино, Салваторе Сиригу, ќе биде замената за Џанлуиџи Донарума на голот на Милан. Според пишувањата на италијанските медиуми, агентот на Донарума, Мино Раиола, е скептичен во врска со проектот Милан и ја критикува групата за управување со клубот која е сопственик на клубот. Донарумама летово би требало да го напушти Милан, а „росонерите“ ќе се обратат кон Наполи или Торино со предлог за нов голман. Мерет дојде во Наполи за 35 милиони евра летото 2018 година од Удинезе, но со доаѓањето на Џенаро Гатузо, Давид Оспина стана прв голман. 33-годишниот…

Read More

Словенечкиот голман во екипата на Интер, Самир Хандановиќ ќе потпише нов договор со клубот до 2022 година. 35-годишниот Хандановиќ игра за Интер од 2012 година, кога направи трансфер во Милано од екипата на Удинезе за 15 милиони евра. Вкупно, тој досега има 588 настапи за „нероаѕурите“. Неговиот сегашен договор со клубот од Милан истекува следното лето. Оваа сезона, тој одигра на 30 натпревари за Интер.

Read More

Пилотот Ферари Себастијан Фетел заборуваше за продолжувањето на кариерата и неговите цели во италијанскиот тим. „Јас сум реалист, не сакам да останам во Формула 1 уште десетина години. Мојата цел со Ферари остана иста. Сè уште не сме ја исполниле. Тоа е шампионска титула. Во последниве години Мерцедес нè победи, така што мисијата останува иста. Мојата цел е да го освојам шампионатот со Ферари“, вели Германецот.

Read More

Напаѓачот на лондонски Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, сака ова лето да направи трансфер во Барселона, открива каталонскиот весник „Спорт“. Според изворот, некои роднини на играчот во последните неколку месеци живеат во предградие на Барселона. Претходно беше објавено дека Барселона покажа интерес за напаѓачот во зимскиот преоден рок, но тогаш Арсенал одби да го пушти играчот да си замине. Обамејанг му се придружи на Арсенал во јануари 2018 година од Дортмунд Борусија во трансфер кој изнесуваше 63,75 милиони евра.

Read More

Запира и фудбалот во Аргентина. Со најновата одлука донесена синоќа, фудбал во Аргентина нема да се игра најмалку до 31 март, секако поради ширењето на коронавирусот. Одлуката сè уште не е официјално објавена од владата, но во пракса самите играчи веќе ја однесоа на вонреден состанок на синдикатите. Натпреварот од тамошната Суперлига меѓу Ривер Плата и Атлетико Тукуман кој не се одигра пред три дена, беше последна опомена дека фудбалерите не сакаат да го ризикуваат здравјето. Фудбалот низ цела Јужна Америка е парализиран. Запирање на лигите уште вчера објавија Боливија и Чиле

Read More