Напаѓачот на лондонски Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, сака ова лето да направи трансфер во Барселона, открива каталонскиот весник „Спорт“.
Според изворот, некои роднини на играчот во последните неколку месеци живеат во предградие на Барселона. Претходно беше објавено дека Барселона покажа интерес за напаѓачот во зимскиот преоден рок, но тогаш Арсенал одби да го пушти играчот да си замине.
Обамејанг му се придружи на Арсенал во јануари 2018 година од Дортмунд Борусија во трансфер кој изнесуваше 63,75 милиони евра.

