Таткото на ММА борецот Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, потврди дека ќе има промена на местото на оджување на закажаната борба на неговиот син со Американецот Тони Фергусон.
Дуелот помеѓу Нурмагомедов и Фергусон е закажан за 18 април. Претходно, претседателот на УФЦ, увери дека борбата ќе се одржи според планот, но не во Соединетите Американски држави, бидејќи одржувањето во Бруклин, како и преместувањето во Лас Вегас, е невозможно заради ограничувањата на јавните настани поврзани со заканата од ширење коронавирусот.
Битката може да се премести или во Дубаи или во Абу Даби.
„Најверојатно тоа ќе биде Дубаи. Прво, полесно е да се борите против болести поради топлината. Емиратите ќе платат за борбата во УФЦ побрзо и полесно“, изјавил тој.