Пилотот Ферари Себастијан Фетел заборуваше за продолжувањето на кариерата и неговите цели во италијанскиот тим.
„Јас сум реалист, не сакам да останам во Формула 1 уште десетина години. Мојата цел со Ферари остана иста. Сè уште не сме ја исполниле. Тоа е шампионска титула. Во последниве години Мерцедес нè победи, така што мисијата останува иста. Мојата цел е да го освојам шампионатот со Ферари“, вели Германецот.