Словенечкиот голман во екипата на Интер, Самир Хандановиќ ќе потпише нов договор со клубот до 2022 година.
35-годишниот Хандановиќ игра за Интер од 2012 година, кога направи трансфер во Милано од екипата на Удинезе за 15 милиони евра. Вкупно, тој досега има 588 настапи за „нероаѕурите“.
Неговиот сегашен договор со клубот од Милан истекува следното лето. Оваа сезона, тој одигра на 30 натпревари за Интер.