Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани е целосно опоравен од коронавирусот. Дефанзивецот беше првиот играч на Серија А на кој му беше дијагностицирана инфекцијата која го парализира животот во Италија.
„Се чувствувам прилично добро. Немам никакви симптоми. Ова веќе го знаете од вестите. Јас бев првиот во нашите кругови со болеста. Се надевам дека луѓето веќе ја сфатија опасноста. Сите заедно ќе се справиме со ситуацијата”, рече Ругани за клупската телевизија.
„Во последните денови, го изгледав целиот Нетфликс. Ми недостасуваат најблиските. Ние сме во хотелот на Јувентус. Карантинот е доста досаден, но тој е за сите”, изјави дефанзивецот.

