Еден од голманите на Наполи , Алекс Мерет или на Торино, Салваторе Сиригу, ќе биде замената за Џанлуиџи Донарума на голот на Милан. Според пишувањата на италијанските медиуми, агентот на Донарума, Мино Раиола, е скептичен во врска со проектот Милан и ја критикува групата за управување со клубот која е сопственик на клубот.
Донарумама летово би требало да го напушти Милан, а „росонерите“ ќе се обратат кон Наполи или Торино со предлог за нов голман.
Мерет дојде во Наполи за 35 милиони евра летото 2018 година од Удинезе, но со доаѓањето на Џенаро Гатузо, Давид Оспина стана прв голман. 33-годишниот Сиригу игра во Торино од 2017 година, но, според печатот, сака да си замине.