Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Пеле е ставен во карантин поради опасност од инфекција со коронавирус, пишуваат бразилските медиуми.
79-годишниот поранешен фудбалер спаѓа во ризичната група, која лесно може да се зарази со вирусот, а најголем дел од смртните случаи има кај лица над 65 години. За да се заштити од пандемијата, Пеле решил да остане под карантин во неговиот дом во Сао Паоло.

