Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах за „Њујорк Тајмс“ изјави дека се разгледуваат сите опции за ЛОИ во Токио, но откажувањето на Олимпијадата не е на агендата.
Олимпискиот пламен пристигна во Јапонија денес, а церемонијата е затворена на што е можно помал круг на луѓе поради светската пандемија на коронавирусот.
„Откажувањето на игрите не е на дневен ред. Ние сме сигурни во одржувањето на овие игри“, рече Бах.
ИОК пред неколку дена објави дека решението за откажување на најголемиот спортски форум во оваа фаза е прерано да се донесе.
„Не знаеме каква ќе биде ситуацијата во јули. Секако, разговараме за сите опции, но тоа го правиме со сите федерации и професионални лиги, а 4 месеци пред почетокот се уште не можеме да дадеме дефинитивен одговор”, дополнил Бах.