Лигата на шампионите, Лигата на Европа и сите домашни првенства ќе продолжат кон средината на мај. Ова вчера го изјави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Спортот низ целиот свет е прекинат поради пандемија на коронавирус. Според Тебас, ситуацијата ќе биде решена за месец и половина, но рано е да се каже дали ќе има навивачи на трибините.
„Сите лиги во Европа е предвидено да продолжат кон средината на мај. Но, зависи од тоа како ќе се развива ситуацијата со КОВИД-19. Можеби би тргнале и порано, но ова е периодот што го имаме предвид. Дали натпреварите ќе се одржат без гледачите зависи од здравствените власти во секоја земја“, вели првиот човек на Ла Лига.