Денеска со видео конференција челниците на УЕФА и на 55 земји членки на европската фудбалска унија треба да донесат клучна одлука за иднината на Европското првенство 2020. Сите информации говорат дека првенството оваа година нема да се одржи и ќе мора да биде пролонгирано за следната година. ФИФА исто така ќе го откаже првото издание на СП за клубови, натпреварување кое требаше да почне следното лето и со тоа ќе направи простор за континенталните собири.
Неизвесно е кога ќе бидат обезбедени термини за бараж натпреварите од Лигата на нации, но со поместување за една година, многу полесно ќе биде да се најдат термини во текот на годината, па дури и на почетокот на следната.
Голема дилема е како ќе бидат завршени Лигата на шампионите и Лига Европа, но комплетните одлуки се чекаат денеска.

