По српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, за кого вчера беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот, во италијанска Фиорентина е прогласена вонредна ситуација. Сите други играчи беа испратени на тестирање и кај уште двајца и физиотерапевтот е утврдено дека се заболени од КОВИД-19.
Па така бројката на заболени во Фиорентина се искачи на четири. По Влаховиќ, на лекување се уште Патрик Кутроне, аргентинскиот дефанзивец Герман Пецела и клупскиот физиотерапевт.
Сепак, сите четворица се чувствуваат добро и моментално се на домашно лекување. Другите членови на Фиорентина се во карантин.